Металург гостува кај Мотор во ракометната ЛШ

Македонскиот ракометен вицешампион Металург попладнево на гости во Украина кај Мотор го игра натпреварот од 4.коло од групата Д од Лигата на шампионите. Во претходната рунда Металург ја забележа првата победа, но денеска за ривал имаат еден од конкурентите за првите две места во групата.

Украинската екипа во првите три кола има две победи.

Во редовите на Металург според најавите ќе отсуствува Филип Кузмановски откако на дуелот во вторник со Загреб од СЕХА лигата заработи повреда на скочниот зглоб.На клупата на македонскиот тим ќе биде Александар Јовиќ во отсуство на Лино Червар.

Од оваа група денеска се игра и дуелот Бешикташ – Монпеље, додека во средата Спортинг го совлада Чеховски Медведи со 31:30.

Во дуел од А групата од ЛШ европскиот првак Вардар вчера одигра нерешено 26:26 на гости против ПИК Сегед.

Би те интересирало и

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...

Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза ...