Металург против Бешикташ по првата победа во Лигата на шампиони

Фото: Архива

Македонскиот вице-првак Металург попладнево ќе го одигра натпреварот од 2.коло во ракометната Лига на шампиони.

По убедливиот пораз на гостувањето во Франција кај Монпеље (32-22) избраниците на Лино Червар ќе се обидат да ја остварат првата победа во елитното натпреварување.

„Бешикташ загуби од Спортинг во првото коло. Тие имаат неколку истакнати играчи што подолго време се заедно. Ако ние ги исправиме недостатоците во нашата игра, а воедно добиеме и поддршка од публиката, тогаш имаме шанси. Овој дуел ни е навистина важен и затоа ги повикуваме нашите навивачи да дојдат во што поголем број за да го оствариме најдобриот можен резултат“, изјави хрватскиот стратег Червар.

Натпреварот Маталург – Бешикташ ќе се игра попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова е дуел од група Д во која вчера Монпеље како гостин славеше победа над Чеховски Медведи со 28-24 додека денеска својот меч ќе го одиграат Спортинг и Мотор Запорожје.

Би те интересирало и

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...

Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза ...