Мета: #Одговорност е учебници без грешки, говор на омраза и без навреди

odgovornost-e-ucebnici

Многу нелогичности, како и стручни, јазични и дидактички грешки честопати се забележуваат во учебниците за основните и за средните училишта, па дури и во тие што се користат на факултетите.

Изминативе години имаше повеќе скандалозни случаи со литература за основци, средношколци, па и за студенти, во која има смешни дефиниции, погрешни равенки, збунувачки материјали и содржини кои се сосема несоодветни за возраста на децата.

Да ги споменеме, на пример, учебниците по историја, кои „поучуваат“ дека Шекспир потекнува од Шпанија, Самоил бил прогласен за цар, а Византија уште во 12 век војувала со Османлиите,  дека „татковина“ е „состојба на поседување на земја, територија, духовни вредности и содржини кои ја сочинуваат културата на еден народ“, дека Грција излегува на Јадранско Море, дека  пубертетот  „доаѓа со торта што ја направила мама“ , а потоа следува и „пипање на мозолчињата“!

Има многу други „проблесоци“ од кои се шокираше јавноста, а напати работите одеа и дотаму што во некои учебници се пласираа и хомофобни содржини. Состојбите, за жал, се такви што учебникарството  сè уште  не е излезено  од  „пубертет“ и од фазата на „пипање мозолчиња“!

Учебниците на албански се приказна за себе! Низ годините се провлекуваа еден куп јазични грешки, па дури и погрешно напишано име на предметот географија на корицата на учебникот, а албанската јавност реагираше, меѓу другото, и на тоа што Јован Кукузел од Драч е претставен како македонски црковен композитор, како и за тоа што во учебникот по општество на албански јазик знамето на Косово беше претставено како грчко. Сето тоа во време кога во два мандати министер за образование е Албанец.

Учебниците се одговорност на државата, односно на соодветните институции – Министерство за образование, Бирото за развој на образованието, кои  ги избираат и авторите и рецензентите. Примерите што ги пососчивме се само дел од мноштвото грешки и промашувања за кои реагираше јавноста и кои јасно укажуваат дека надлежните, изгледа, не сфатиле дека имаат обврска  да понудат квалитетни учебници и да бидат одговорни како ги трошат народните пари.

 



Додади коментар

Би те интересирало и

полиција (1)

Малолетници нападнати во Скопје

Вчера попладне во Скопје на бул. „Партизански Одреди“ непознат сторител извршил разбојништво над шеснаесетгодишно девојче ...

ronaldinjo

Роналдињо потпиша со Коритиба

Бразилецот Роналдињо нема намера да стави крај на кариерата, откако договори едногодишна соработка со Коритиба. ...

Close