Мехмети: Некој ден пратеник може да биде убиен и никој нема да одговара

Кога се напаѓа еден пратеник, се напаѓа еден народ. Во секоја напредна нација, нападот врз еден пратеник ја добива најсилната казна. Собранието, како дом на суверенитетот реагира, а државните органи работат да го осветлат настанот.

Но, во недемократските општества, во кои партијата ја држи целата држава во раце, а Собранието е само орган на извршување наредби на партијата, нападите врз пратениците се премолчуваат, не се казнуваат и не се наоѓаат сторителите на делото.

Народот се плаши од казната на партијата, медиумите се плашат од губење на рекламите, а аналитичарите не сакаат да се замешаат во конфликтот, затоа што подобро им е да се со повеќето, отколку да бидат нападнати од партијата. Така се случува на еден пратеник му се крши автомобилот и не реагира никој, друг пратеник е нападнат надвор од локал и никој не се повикува на одговорност… некој ден некој пратеник може да биде убиен, и повторно никој нема да одговара…

Ова е основниот показател дека едно општество не е ниту слободно, ниту демократско. Во меѓувреме, лидерите го продолжуваат рефренот, сега веќе и досаден и научен напамет за „стандардите и реформите“, а немаат одговор за тоа кој стои зад црната рака што напаѓа пратеници. Нападнатиот народ за нив има само една порака: Добро ќе беше да се даде одговор на овие сериозни проблеми, а за реформите, ни останува уште многу да се надеваме.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close