Меѓународен ден на лицата со мултиплекс склероза

Огранокот на Мултиплекс Склероза кој е дел од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на лицата заболени од мултиплекс склероза.

На собирот, како што наведуваат организаторите, ќе се информира јавноста за проблемите со кои се соочуваат лицата со оваа болест. Ќе биде упатен апел до надлежните  органи  кои ја третираат оваа проблематика да вложат напори со цел да се запознаат со потребите на пациентите болни од мултиплекс склероза.

Од организацијата укажуваат дека се зголемува бројот на заболени од Мултиплекс склероза и оти е потребно достапност на адекватна терапија бидејќи се работи за млада популација.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...