Меѓу првите дами на самитот Г7 се најде и сопругот на Меркел

Јоахим Зауер сопругот на Ангела Меркел беше единствен маж меѓу собраните први дами на лидерите на најразвиените земји во светот на маргините на самитот на Г7 во Италија. Гермнскиот џентлмен, кој иначе ретко ја следи својата сопруга на официјалните патувања во странство, беше во друштво на сопругите на јапонскиот и италијанскиот премиер Акие Абе и Емануеле Мауро, како и со првите дами на Франција и САД, Брижит Макрон и Меланија Трамп.

Сопругите срдечно се поздравија во градското собрание во Катанија, на Сицилија, каде беа поканети на ручек, по што се упатија во обиколка на Сицилија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close