МЗТ и Аеродром слават нова титула

МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата во домашното првенство, откако во решавачкиот петти меч од финалната серија во плејофот славеше над Карпош Соколи 86:82. МЗТ ја освои шестата титула во последните шест години, а до триумфот го предводеа Колф и Дреновац. Соколите не успеаја да го освојат трофејот, но оваа сезона за нив е историска, играа во АБА лигата и го освоија Купот на Македонија.

Решавачкиот натпревар во „Јане Сандански“, ќе влезе во историјата на македонскиот спорт бидејќи прв пат еден дуел на две домашни екипи судеа арбитри од странство.

На теренот се играше израмнето, иако МЗТ во најголем дел од натпреварот ја имаше предноста. За неизвесноста говори и податокот дека ниту еден тим не успеа да создаде двоцифрена предност.

Блескаше Холанѓанецот Клоф за чија игра гостите немаа решение. Голема помош тој доби од Дреновац, а кај „соколите“ одличен натпревар одиграа Лабовиќ, Пери и Мавра. Секој од овие тројца имаше свои минути во кои го враќаше својот тим во натпреварот.

МЗТ, подобро го отвори мечот, имаше водство 7:2 и 9:4, но гостите бргу одговорија, со серија 2:11, за предност 11:15. До крајот на првата четвртина двата тима имаа свои моменти, МЗТ имаше 22:17, а потоа Карпош Соколи одговорија со девет поени во низа (финиш на првата и почеток на втората четвртина) за 22:26.

Во тие моменти бекот на МЗТ, Клоф, го започна своето шоу. Домашниот тим најпрвин ја стигна, а потоа и престигна предноста на гостите 45:39, а на полувреме МЗТ имаше 45:41.

Првата половина од првата четвртина му припадна на МЗТ. Клоф продолжи онаму каде што застана во првиот дел и во 23.минута домашниот тим ја достигна највисоката предност 54:45.

„Соколите“ во мечот ги врати Пери, кој се десет поени иницираше серија на својот тим, со која резултатот во 29.минута беше израмнет 62:62.

Последната четвртина донесе водство на Карпош Соколи по подолго време 64:65. На нецели три минути до крајот гостите имаа 74:78, кога во ритам повторно влезе Клоф, тој иницираше серија 6:0 за 80:78. Решевачлиот момент на мечот се случи на 68 секунди до крајот кога Дреновац во последните секунди од нападот, надвор од баланс погоди тешка тројка.

Клоф со 29 и Дреновац со 23 го предводеа МЗТ, додека кај Карпош Соколи Пери и Лабовиќ постигнаа по 17, а Мавра 16 поени.

За МВП на финалната серија беше прогласен Шарлон Клоф.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close