МЗТ Скопје дел од јуниорската АБА лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени 1999 година и помлади ќе бидат дел од премиерното издание на јуниорската лига на АБА, која сезонава почнува со десет екипи кои ќе бидат поделени во две групи.

„Сино-белите“ ќе бидат дел од турнирот кој ќе се одржи во Белград во периодот помеѓу 24 и 26 ноември на кој ќе настапат уште и Црвена ѕвезда, Мега Бемакс, Морнар и Цибона.

Другата група ќе се игра во Загреб во истиот период, а во неа силите ќе ги одмерат Партизан, Цедевита, Игокеа, Будуќност и Олимпија.

Завршниот дел од првата сезона во јуниорската лига на АБА ќе се одржи во Лакташи (БиХ) во дополнително одреден термин, а на него пласман ќе обезбедат по две најдобри екипи од двата полуфинални турнири.

Составот на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде предводен од тренерот Небојша Ѓуковиќ, а во него ќе настапат поголем дел од играчите кои се вклучени во работата на вториот тим.

Би те интересирало и

Димитријевиќ со пет поени учествуваше во третата сезонска победа на Хувентуд

Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ постигна пет поени во третата сезонска победа на Хувентуд, овојпат во ...

Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски кошаркари Перо Антиќ (играч на Црвена Звезда) се наоѓа на списокот ...