МЗТ Скопје седми по гледаност во АБА лигата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МЗТ Скопје седми по гледаност во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на последното 12.место ги заврши настапите во АБА лигата, но „сино-белите“ се наоѓаат на солидното 7.место по број на гледачи на домашен терен.

На 11 натпревари во „Јане Сандански“ присуствувале вкупно 21.700 гледачи, или 1972 во просек по натпревар.

Кога МЗТ гостувал привлекувал во просек 1.827 гледачи.

Најверни симпатизери има Партизан – во просек на домашен терен по околу 3.800 на натпревар, а на гости најмногу интерес привлекувала Црвена ѕвезда со 3.800 навивачи по натпревар.

Целата сезона натпреварите од регионалната кошаркарска АБА лига ги следеле околу 400.000 гледачи или во просек над 2.500 по натпревар.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Хјустон постигна 50 поени за една четвртина

Рекордни 50 поени за годинашниот плејоф и втор најдобар скор на сите времиња во НБА ...

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...