Милевски се извини за поразот од Гибралтар

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски по вчерашниот пораз од Гибралтар ја презема одговорноста и упати јавно извинување до целата јавност.

Македонија вчера загуби од Гибралтар со 1:0 во квалификациите за ЕП во Италија.

„Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти“, вели Милевски.

Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа, додава македонскиот селектор.

Најважно сега за оваа репрезентација, посочува Милевски, е да се остане сплотен.

„Заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе“, потенцира Благоја Милевски.

Би те интересирало и

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...

Вардар го доби вечното дерби, „Комитите“ го прославија јубилејот

Вардар го совлада Пелистер со 3:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше ...