Минесота: Живеел во куќа со покојната мајка и братот

Маж кој во Минесота живеел година дена во куќа со телата на покојната мајка и братот близнак, тврди дека немал храброст да ја пријави нивната смрт. Роберт Џејмс Кефлер изјавил за АП дека бил „истрауматизиран“ и запрашал: „А што би направиле вие?“

Полицијата наведува дека Кефлер е обвинет минатата недела поради нарушување на местото на смртта додавајќи дека братот и мајката починале од природна смрт.

Самиот Кефлер рекол дека неговата мајка починала во 94. година во август 2015 година, а неговиот брат неколку месеци пред тоа.

Полицијата ги откри нивните тела во септември 2016 година.

Ос удот рекоа дека телото на братот било мумифицирано, а телото на мајката во фаза на распаѓање.

„Луѓето мислат дека не сум норамлен, но сум. Јас ги сакав“, рекол тој.

Кефлер додал и дека не ги подигал парите од сметките на покојната мајка и брат.

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...