Минимален пораз на младинската ракометна репрезентација од Литванија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Минимален пораз на младинската ракометна репрезентација од Литванија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција доживеа пораз и на вториот меч во квалификациите за Светско првенство откако денеска беа поразени од селекцијата на Литванија со 26:27 во квалификацискиот турнир за пласман на СП 2018 – пренесува Македонската информативна агенција. Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“, по вчерашниот против Исланд (35:20).

Нашите репрезентативки одиграа едно добро полувреме кое го добија со 14:10, но во продолжението од мечот не успеаја да го задржат истиот ритам.

Во последната минута не успеавме да се избориме ни за реми, па на крајот Литванија оствари победа.

Македонија третиот натпревар од групата го игра против Германија, со што ќе ги заврши квалификации за пласман на Мундијалот.

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...