Министерот за надворешни работи на Луксембург во посета на Македонија

Министерот за надворешни работина Големото Војводство на Луксембур Жан Аселборн денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на посетата тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров на која се очекува да бидат разменети мислења за досегашното ниво на меѓусебните односи и можностите за нивно натамошно развивање во сферите од заемен интерес. Посебен акцент ќе биде ставен за македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО, како и за улогата и поддршката на Луксембург во остварувањето на оваа стратешка цел.

Во рамките на посетата, министерот Аселборн ќе оствари средби и со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ивицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од претседателот на Владата Зоран Зоран Заев.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...