Министерот Нухиу во Штип ги праша „Како сте“ само муслиманите од џамијата

Без некои посебни најави за време на пладневната молитва во џамијата во Штип, пристигна министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Неговата прва посета на Штип е во рамките на проектот „Како сте“ на МВР. Проектот има за цел да го доближи министерстовото до граѓаните, преку неспоредни средби со нив и разговори за нивните проблеми.

Како прв Албанец министер, Нухиу не се сретна со граѓаните на Штип надвор од дворот на џамијата. Пред новинарите Нухиу даде кратка изјва за проектот.

„Продолжуваме со проектот „Како сте“ и ги прашуваме граѓаните за проблемите кои произлегуваат од делокругот на Министерството за внатрешни работи. Полицијата мора да ги остварува предметните надлежности, но, тие мора да бидат во симетрична линија со суштинските стандарди и токму затоа јас сум тука за да ја пренесам пораката дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе биде секогаш отворено за да ја продолжиме нашата соработка, за имиџот на МВР, како и за имиџот на државата“, изјави министерот Нухиу.

Тој изрази желба за почеста средба со граѓаните, бидејќи, според него, ова Министерство е сервис на граѓаните. Оваа порака ја слушнаа само посетителите кои се најдоа во дворот на џамијата, каде Нухиу седна со верниците и раководството на џамијата.

Ресорниот министер, не го посетил Секторот за внатрешни работи во Штип, чии седиште е на стотина метри од џамијата, ниту пак барал посебни почести, по пример на дополнителниот заменик – министер Оливер Андонов, кој имаше официјален дочек. СВР Штип соопшти дека биле само информирани дека ќе доаѓа министерот и за неговата маршута, по што постапиле со обезбедување на функционери, како што налага законот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close