Министерот Салији поднесе оставка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Министерот Салији поднесе оставка

Министерот за правда, Билен Салији штотуку соопшти дека поднесува оставка.

„Довербата во судството почна да се враќа преку случаите Сопот и Монструм. Сепак чувствувам дека во овој момент е разнишана довербата кај јавноста, но и кај мене лично, поради одлуката од пред неколку дена за преквалификација на обвинението во случајот со малиот Алмир. Оваа контроверзна одлука веќе беше оспорена. Судската власт е независна и таква треба да остане но јас како прв човек на Министерството за правда поради оваа разнишана доверба чувствувам морална обврска да дадам оставка од функцијата министер за правда“, рече Салији на вечерашната прес конференција.

Инаку поради преквалификацијата во случајот со смртта на малиот Алмир утре во Скопје ќе се одржи протест со почеток во 13 часот. Ова е четврти протест на граѓаните кои се незадоволни од тоа како се одвива судскиот процес за детето од Куманово  кое го загуби животот на четиригодишна возраст.

Би те интересирало и

Баба го шокира жирито во британскиот талент (видео)

ВИДЕО: