Министерството за култура бара вонредна ревизија

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека упати барање за вонредна ревизија на регуларност на работењето на Министерството до Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во барањето се известува ДЗР дека Министерството за култура подготви Информација за евалуација на проектите/програмите и активностите на Министерството за култура во 2017 со пресек до 1.6.2017 година и истата ја достави до Владата на Република Македонија, која ја разгледа и усвои на Шеснаесеттата седница одржана на 25.07.2017 година и го донесе следниов заклучок „се задолжува Министерството за култура, во рок од пет дена да побара од Државниот завод за ревизија, согласно своите надлежности утврдени со закон да изврши вонредна ревизија на регуларност на работењето на Министерството за култура“.

Министерот за култура го извести ДЗР дека формираше Работна група која констатираше дека исплатата на средствата за проектите од областа на култура во што се вкулучени и реализација на проекти кои се дел од годишните програми за работа на установите и проекти кои се дел од годишните конкурси на Министерството за култура, се движи во повеќе од 80% реализација. Оваа реализација се должи на предвремената исплата на финансиски средства за проекти кои не се реализирани, оставајќи го министерството во тешка финансиска состојба.

Воедно, во барањето се нагласува дека ревизија на финансиското работење на Министерството за култура не е извршена од 2011 година, поради што произлегува и потреба за редовна ревизија на истото.

Ценејќи ја независноста на Државниот завод за ревизија, како и начинот и критериумите врз основа на кои се донесува Годишната програма за работа, Министерството за култура побара од ДЗР, согласно законските надлежности на институцијата, во својата програма за работа да ја вклучи и ревизијата во Министерството за култура.

 

Би те интересирало и

Фризерски шоу спектакл во Прилеп

Со учество на повеќе од 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, поделени во ...

Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

Традиционалниот новогодишен школски концерт на музичкото студио „Узун“, во соработка со Црвен крст на град ...