Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција

 

Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, откако е добиено официјално писмо од Централни полициски служби на МВР.

– Надлежниот суд е упатен на одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемни правни односи од 1959 година преземена како републички пропис со чл.5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителни протоколи – се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму посочуваат дека во конкретниот случај постапуваат согласно законските одредби од домашната регулатива и наведените конвенции.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...