Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Заклучокот од вчерашната работна средба е Министерството за финансии официјално да се обрати до PayPal и да ја отпочне постапката за воведување на услугата “прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за Економија и Информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија.

Би те интересирало и

Германија ќе ги намали придонесите за пензиско осигурување

Германија планира следната година да ги намали придонесите за пензиско осигурување што ги собира од ...

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но ...