Министрите во заминување изнесувале компјутери и мебел од Илинденска

Кабинети без комјутери, мебел и друг инвертар неопходен за извршување на тековните обврски, затекнале министрите на новата влада на чело со премиерот Зоран Заев, кои пред неколку дена се вселија во владината зграда на Илинденска – пренесува Фокус.

-Освен кабинетот на премиерот, на кој ништо не му недостига, туку напротив, дури плени со лукзус, на сите други им фали опрема. Во скоро сите кабинети недостигаат компјутери и друга техничка опрема, а негде нема ниту мебел, кои исчезнале со заминувањето на претходниот владин кабинет – велат за Фокус извори од новата влада.

Колку за потсетување, техничките министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ во пржинската влада за спроведување на изборите, исто така, почнаа со работа во полупразни кабинети во неколку министерства, меѓу кои за труд и социјала, за земјоделство…

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...