Минијатурна разлика-кој ќе ја формира новата Влада?

20161212093432

Владејачката партија на Никола Груевски – ВМРО-ДПМНЕ, според последните резултати очигледно е победник на изборите во Македонија со мала предност пред СДСМ.

При преброени 99,34% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија добиле 444 014 гласа, СДСМ и Коалицијата – 428 683. Разликата е минијатурна и сигурно тоа не имплицира лесно формирање на влада, бидејќи ДИК не го соопшти распоредот на пратеници што е клучно за формирањето на влада.

Што се однесува до останатите партии бројките покажуваат: ДУИ – 85.774, Движењето Беса – 57.749, Алијанса за Албанците – 35.103 и ДПА – 30.971 глас

Денес во текот на денот Државната изборна комисија ќе ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори и дури тогаш комисијата ќе соопшти својата оценка за изборниот процес.

И двете партиите прогласија победник. Опозицијата прва ја прогласи победата и излезе да слави на улиците пред Влада.

Заев рече дека СДСМ води  со еден мандат повеќе. „Падна режим со пенкало, со глас. Победи животот“, рече тој.

Од другата страна пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се заблагодари на граѓаните што гласале за неговата партија.



Додади коментар

Би те интересирало и

Зоран Заев Пуч судење

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на ...

zaev-potkup

Судењето за Поткуп одложено за 23 февруари

Судењето за случајот „Поткуп“ е одложено за 23 февруари. Причината за тоа е барањето за ...

Close