Мисајловски: Средства за МЖ има, но не можат да се исплатат додека трае штрајкот

Министерството за транспорт и врски во својот буџет има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но нема законска можност да ги исплати се додека претпријтието не работи – информира денеска министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

„За да ги добијат парите МЖ транспорт и МЖ инфраструктура треба да работат. Се што ќе сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а Министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Се она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби мора да работи“, рече Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека зарди 70 до 80 луѓе кои ја попречуваат работата нема можност Министерството да им ги додели срествата и појасни дека Владата на минатата седница додели и дополнителни 70 милиони денари за МЖ.

„Тоа значи дека на месечно ниво МЖ транспорт директно ќе добива повеќе средства што ќе ги распоредува кон двете компании, но единствен услов е да почнат со работа. Министерството нема законски начин како да ги исплати парите ако некој не работи. Тоа ќе значи кршење на Буџетот и неосновано користење на средствата. Затоа ги повикувам вработените да се вратат на совите работни места и да почнат со работа. Средства има во Буџетот и сите ќе бидат исплатен, бидејќи се наменски и не може да се потрошат за ниту една друга активност“, потенцира Мисајловски.

Тој додаде дека денеска зборувал и со новиот директор на МЖ транспорт и со директорот на МЖ инфраструктура со кои барале решение како најбрзо вработените да ги земат сите заостанати средства.

Министерот за транспорт и врски потсети дека МЖ имаат договори за работа со многу компани и оти имаат можност за многу работа. Доколку, додаде, ги изработат договорите ќе имаат доста средства на располагање, но ако не работат, дел од компаниите можат да поднесат тужби и да побараат надомест со што ќе нанесат голема штета на претпријатието и државата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close