Митко Јанчев демантира дека бил приведен во полиција синоќа во Кавадарци

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кавадарци, Митко Јанчев ја демантира информацијата која синоќа ја објавија некои домашни медиуми, а која се однесува на негово приведување во кавадаречката полициска станица. Имено, приведен бил негов близок соработник за кој наводно имало сомневање дека вршел поткуп на гласачи, а за кој немало никакви докази.

Дознаваме дека во полицијата веднаш по приведувањето на неговиот соработник пристигнал и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев кој таму се задржал околу два часа по што заминале заедно со својот соработник.

Тој во телефонски разговор ги демантираше ваквите информации за негово приведување од страна на полицијата и за Канал 77 изјави дека за се’ што смета дека треба да каже за овој случај и за се останато поврзано со изборниот процес, во јавност со свој став ќе излезе после 29 – ти октомври. Јанчев верува дека граѓаните во недела ќе го направат вистинскиот избор и дека нема потреба од никакви закани и уценувања од нивна страна.

Инаку по само еден месец кандидатот за градоначалник, Митко Јанчев беше сопрен од полицијата на пат кон Скопје кога наводно му било вперено оружје и бил малтретиран. За синоќешниот настан информираше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на средба со граѓани.

Од ВМРО ДПМНЕ за ова велат дека е само уште еден притисок од страна на власта и нивната  полиција во пресрет на вториот круг од  изборите.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...