Мичел: САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за името – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мичел: САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за името

Фото: МИА

 

САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името. Единственото решение ќе биде заедничкото решение. Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите.

Ова го порача американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Што се однесува до НАТО и престојниот Самит на Алијансата, нагласи дека поканата за членство не е поврзана со точен датум или настан.

– Но, мислам дека можеме да направиме се што можеме за да го одбележиме напредокот и заложбите на САД кон Македонија за да стане членка и на НАТО и на ЕУ. Ова е наша заложба долги години и не е врзана со конкретен датум или настан, рече Мичел.

Тој додаде дека САД ја поддржува Македонија во нејзините евроатлантски аспирации и нагласи дека вратата кон НАТО останува отворена и оти стојат зад поканата упатена на самитот во 2008 година.

На новинарско прашање дали Вашингтон директно ќе се вмеша во преговорите за името, Мичел рече дека САД се ангажирани и ќе продолжат да бидат ангажирани во процесот, но оти двете држави треба самите да дојдат до решение.

 

Извор: МИА

 

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...