Мијалков: Убеден сум во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мијалков: Убеден сум во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен

Сашо Мијалков има стан и фирма во Чешка, тоа создава опасност за негово бегство, рече обвинителката Ленче Ристоска на денешната јавна седница во Апелациониот суд каде се разгледуваат жалбите на СЈО за неодредувањето мерка притвор за обвинетите – објавува порталот А1 он.

На ова, обвинетиот Мијалков истакна дека секогаш се јавувал на повиците на обвинителите од СЈО, кажа и дека се договорил со обвинителката Катица Јанева да се појавува во обвинителството.

„Секогаш одговарав на нивните повици. На повик на Катица Јанева во два наврата менував карти и се враќав предвреме од странство. Јас сум убеден во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен. Давам збор под кривична и материјална одговорност дека ќе бидам достапен за судот“,  рече Мијалков.

 

Извор: www.a1on.mk

Би те интересирало и

Македонија ќе ги признае патните документи на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во ...

Средбата со министрите не ги предомисли синдикалците: Утре протест пред Владата

Утре напладне протест пред зградата на Владата, а внатре брифинг на владини претставници со новинарите ...