МКФ домаќин на ЕП во младинска категорија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МКФ домаќин на ЕП во младинска категорија

Македонската кошаркарска федерација и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство – потврди ФИБА. На централниот одбор, одржан во саботата се одлучуваше за организатори на младинските европски првенства од сите дивизии, во машка и во женска конкуренција како и за Европското првенство за мали земји.

МКФ се пријави за учество и за организирање на првенствата до 16 години во машка и во женска конкуренција (двете дивизија Б), мажи јуниори и мажи до 20 години.

– Добрата репутација од досега организираните младински првенства помогна за да идното лето (2018 година) МКФ биде организатор на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б). Првенството ќе се одржи во нашиот главен град, ќе започне на 27 јули, а ќе трае до 5 август – информираа од федерацијата.

Македонските кадетки ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16 до 25 август. Кадетите ќе настапат на ЕП (дивизија Б) кое ќе биде организирано во Сараево од 9 до 18 август, додека репрезентацијата за кошаркари до 20 години ќе настапува во Софија од 13до 22 јули.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...