Младиот Ракип се уште не донел одлука за настап во репрезентацијата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Младиот Ракип се уште не донел одлука за настап во репрезентацијата

Ердал Ракип, 20-годишниот фудбалер на Малме, кој има македонски корени, во моментов е во центарот на македонската и на шведската фудбалска јавност.

Особено сега кога ќе се одигра средбата меѓу Малме и Вардар во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. ФФМ веќе подолг период е во постојан контакт за да го убеди да настапува за македонската репрезентација.

Пред натпреварот со Вардар, во изјава за шведските медиуми, заинтиресираноста на ФФМ за Ракип, ја потврди и самиот фудбалер, нагласувајќи дека се уште не донел одлука за која репрезентација би настапувал во иднина.

– Да, во постојан контакт сум со официјалните претставнци од Фудбалската федерација на Македонија. Заедно контактираме, се пишуваме, се слушаме. Но, најискрено во моментов најмногу сум сконцентриран на настапите за Малме. Кога сме веќе за настапите околу националниот тим на Македонија се уште е рано да донесам одлука. Вратата за настап е секогаш отворена, – изјави Ракип.

Преземено од: Дерби.мк

Би те интересирало и

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...

Конте: Мурињо е мал човек и секогаш ќе биде

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон ...