Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде во текот на оваа седмица ќе одиграат по четири пријателски натпревари.
Младинските репрезентативци ќе го искористат искуството стекнато во српската престолнина изминатата недела како и од тековната во Турција за предизвиците кои им претстојат за летниот период. Кадетите ќе земат учество на Европското првенство за кошаркари до 16 години (дивизија Б) што во периодот од 9. до 18. август ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина додека генерацијата до 15 години ќе продолжи со активностите во рамки на проектот за развој на млади кошаркари насловен „Заедно до U16“.
Противници на нашите млади надежи на претстојниот турнир ќе им бидат врсниците од Галатасарај, Анадолу Ефес, Дарушафака и Истанбул ББ.
Распоред
Понеделник 15. јануари, 2018 година
М16: Македонија – Галатасарај 18:30
М15: Македонија – Галатасарај 20:00
Вторник 16. јануари, 2018 година
М16: Македонија – Анадолу Ефес 19:00
М15: Македонија – Анадолу Ефес 20:30
Среда – слободен ден
 
Четврток 18. јануари, 2018 година
М16: Македонија – Дарушафака 18:30
М15: Македонија – Дарушафака 20:00
Петок 19. јануари, 2018 година
М16: Македонија – Истанбул ББ 15:00
М15: Македонија – Истанбул ББ 17:00

Би те интересирало и

NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео)

67-от НБА ол стар меч заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс ...

NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео)

Светот не е премногу воодушевен од втората ноќ во НБА олстар-викендот, особено од натпреварот во ...