Младите ракометари изборија пласман на СП во Алжир

makedonija_rakometari

Младата ракометна репрезентација на Македонија избори пласман на Светското првенство во Алжир, откако го освои првото место на квалификацискиот турнир кој изминатите три дена се играше во Скопје.

Избраниците на Илија Темелковски во последниот меч одговорија на предизвикот и против аутсајдерот Турција слава со 39:19 (22:13). На младите ракометари им беше потребна победа од 19 и повеќе голови разлика, бидејќи конкурентот Португалија претходно ја совлада Полска 34:21.

Македонија носена од голманот Даниловски успеа да го скрши отворот на Турција по 20-та минута. Турците се држеа во првите 20 минути на само три гола негатива 14:11. До крајот на мечот Македонија постигна 25, а Турција само осум голови.

Даниловски на голот блескаше во вториот дел, успеа да ги одбрани сите нерезонски шутеви на турските ракометари, а мечот го заврши со 14 интервенции. Стрелците ги предводеше Шилегов со 10 голови, гол помалку постигна капитенот Талески, а со седум постигнати гола мечот го заврши Палевски.

Извор: Макфакс



Додади коментар

Би те интересирало и

Лакрабер и следната сезона ќе настапува за Вардар

Француската ракометарка, Александра Лакрабер и македонскиот шампион Вардар договорија нова едногодишна соработка. Десниот бек ќе ...

Ракометниот тим на Вардар го подбеди ПИК Сегед

Ракометарите на македонскиот првак Вардар со победата од 23:21 над ПИК Сегед во Унгарија останаа ...

Close