Младите ја носат Евровизија во Струмица за Божик – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Младите ја носат Евровизија во Струмица за Божик

За вечерва со два концерти е најавено одржувањето на осмиот Божиќен традиционален хуманитирен концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“, насловен како „Божиќна Евровизија“. Тие овој настан го организираат заедно со Младинскиот совет на Струмица, а хорот, солистите, бендот и ритмичката група од струмичката гимназија ќе исполнат голем број победнички песни од евровизиските фестивали од 1974 до 2014 година.

На влезот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации. Собраните средства ќе бидат наменети за финансиска помош за лекување на неколкумина струмичани.

„Музичарите и танчерите-учесници на концертот, едногласно се сложија да одржиме втора изведба истата вечер, со цел да успееме да собереме поголем број финансии за донации. Драго ни е што повторно успеавме да разбудиме толкав интерес меѓу струмичани“, рече професорката Анита Станковска, која во изминативе осум години заедно со колегите Денис Кирчанов и Полина Ашикова го организираат хуманитарниот концерт.

Концертите започнуваат во 19 и 21 часот во НУЦК „Антон Панов“, а билетите и за двата се распродадени од вчера.

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...