ММФ: Без намалување на грчкиот долг, но потребни се дополнителни реформи

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека засега нема потреба за намалување на грчкиот долг и доаде дека властите во Атина треба да направат значаен напредок во спроведување на реформите.

Лагард која престојува во Берлин, изјави дека ММФ се оптимистични по напредокот на грчките власти додавајќи дека се неопходни реформи на пензискиот систем и даночниот систем, како и во неколкку други области.

– Во овој момент не е потребно намалуавње на долгот, изјави таа за германската телевизија АРД. Според неа, подоцна веројатно ќе биде потребно реструктуирање на долгот како и намалување на каматните стапки.

На неодамнешен состанок на Еврогрупата овозможено е делегации на кредиторите да се вратат во Атина во средината на март и да разговараат за продолжување на преговорите за решавање на грчкиот долг.

Од 2010 година Грција помина низ неколју прграми за помош од ММФ и други држави од еврозоната, но нејзиниот јавен долг е зголемен поради ослабената економија на 315 милијарди евра што е оклу 180 отсто од БДП.

Преземено од: А1он

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close