ММФ ги повика земјите од еврозоната да почнат преговори со Грција за ублажување на нејзиниот долг

imf__greece

Дирекорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард  ги повика владите од еврозоната да започнат преговори со економски разнишаната Грција за ублажување на нејзиниот долг.

Лагард испратила писмо со ваква содржина до министрите од 19-те земји од еврозоната.Таа пишува дека олеснувањето на долгот треба веднаш да биде ставено на маса. Во спротивно продолжувањето на учеството на ММФ во третата спасувачка програма за Грција е се става под сомнеж.

Атина и нејзините меѓународни кредитори со месеци се обидуваат да се договорат за структурни реформи и мерки за штедење, што ќе овозможи на речиси банкротираната грчка влада да продолжи да добива финансиска помош. Расте и загриженоста дека Грција повторно е на работ на банкрот. Министрите за финансии од еврозоната ќе имаат специјална средба во понеделник попладне за да се информираат за напредокот во преговорите.

Би те интересирало и

Бугари го купија Фени, сите вработени остануваат на работа

Се надминаа проблемите, сите работници остануваат на работа со статусот што го имаа, а комбинатот ...

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...