ММФ ја поддржа француската програма на реформи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ММФ ја поддржа француската програма на реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги поздрави амбициозните и храбри реформи кои ги најавија претседателот на Франција, Емануел Макрон, и неговата влада.

Од ММФ соопштија дека реформите во голема мерка ќе придонесат за решавање на економските предизвици со кои Франција се соочува долго време.

Во годишната проценка на француската економија ММФ како посебни предизвици ги наведе константниот фиксен дисбаланс, порастот на невработеноста и слабата надворешна конкурентност.

ММФ ѝ одбри на француската влада да го намали дефицитот за да ја исполни обврската дефицитот да го одржува на три отсто од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на годината.

ММФ, истот така, силно ги поддржува и реформите на пазарот на трудот кои биле оценети како „широки и амбициозни“.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ирена Јакимоска е нов претседател на Стопанската комора за Прилеп

Управниот одбор на Регионалната Стопанската комора за Прилеп доби нов претседател – Ирена Јакимоска. Таа ...

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...