Могерини: Еднаквост за сите без разлика на половиот идентитет

Federica Mogherini

ЕУ силно ги зголемува еднаквоста и достоинството на сите луѓе, без разлика на нивната сексуална ориентација и полов идентитет – истакна денеска Високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини по повод Денот на борбата против хомофобија, трансфобија и бифобија.

„И покрај неодамнешниот напредок ширум светот, речиси 80 законодваства и натаму истополовите односи ги третираат како прекршок. Во многу места дискриминацијата и насилството врз лезбејските, хомосексуалните, бисексуалните, трансродните и интерсексуалните лица е секојдневна појава“, предупреди Могерини.

Европската унија повторно ги повикува сите влади во светот да ги почитуваат своите меѓународни обврски на полето на човековите права, да ја отфрлат нетолеранцијата и да промовираат еднаквост, како што наложува Универзалната декларација за човекови права и другите инструменти, се додава во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...