Могерини: Земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од дебатата за безбедносните планови на ЕУ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Могерини: Земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од дебатата за безбедносните планови на ЕУ

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска унија, Федерика Могерини денеска во Дубровник изјави дека не се поставува прашањето дали ќе има проширување на ЕУ, туку кога ќе се случи тоа.

„Иднината на ЕУ по излегувањето на Велика Британија нема да биде Унија со 27 земји-членки. Сигурно ќе има нови земји-членки во иднина, Од аспект на ЕУ не се поставува прашањето дали ќе има проширување, туку кога тоа ќе се случи. Имаме посветени партнери посебно во Западен Балкан“, посочи Могерини.

Таа додаде и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат вклучени во иднинте безбедносни планови на ЕУ.

„Дефинитивно дека земјите-кандидатки ќе бидат вклучени во размислувањата за прашањата поврзани со безбедноста. Сигурно за тоа ќе се разговара со министрите за надворешни работи“, посочи Могерини.

Таа потенцира дека ЕУ и Западен Балкан делат иста територија – Европа.

„Не се работи за доведување на Западен Балкан во Европа, бидејќи тие земји веќе се дел од Европа“, нагласи Могерини.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...