Могерини и Столтенберг на есен во посета на Балканот

На есен би можело да се случи заедничка посета на регионот, на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини и генралниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, најави Могерини.

Могерини изјави дека ЕУ и НАТО соработуваат по повод пораките кои ги испраќаат, меѓу останатото, и на Западен Балкан.

„За време на последната посета на регионот сретанв шест партнери од Западен Балкан и на секој одделно му пренесов многу јасно и порака од генерелниот скретар на НАТО. Претходно заедно ја разгледавме ситуацијата на теренот и утврдивме заеднички опции“ рече Могерини доаѓајќи на министерскиот состанок на НАТО кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел.

„Подготвени сме да одиме во заедничка посета на Балканот или на друго место во светот. Обајцата имаме комплицирана агенда, но бараме можност заедно да го посетиме Балканот, можеми не одма, но сигурно од есен“, порача Могерини.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Би те интересирало и

Јилдирим: Турција нема да дозволи создавање на „вештачка“ курдска држава

Турскиот премиер, Билани Јилдирим изјави денеска дека кризата на северот на Ирак претставува прашање од ...

Истрага во Атина за лажни информација за бактерија на колера во акушерска болница

Атински обвинител наредил да се поведе истрага за да се утврди дали некој треба да ...