Могерини на почетокот на март ќе ги посети Балканот и Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на идниот месец ќе оствари мини-турнеја низ балканските држави, при што ќе ја посети и Република Македонија – соопштуваат од кабинетот на Могерини.

Агенцијата МИА пренесува дека од 1 до 4 март, Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија. Во пресрет на оваа посета, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

„За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст“, порачува Могерини.

За време на посетата на регионот, планирано е Могерини да се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, но и со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...