Модерната технологија корисна но и штетна – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Модерната технологија корисна но и штетна

Просветните работници се почесто алармираат дека децата прекумерно користат модерни технологии до граница на зависност. Најчесто поради користењето пред се на интернет, децата се соочуваат и со непријатни ситуации.

Учениците поради користењето на социјалните мрежи се запознаваат со непознати лица, и се несвесни за опасностите со кои можат да се соочат.

Просветните работници советуваат родителите да им ја ограничат на децата употребата на модерната технологија, но и повеќе да ги контролираат кои се почесто пишуваат лажни години, за да се поврзат на социјалните мрежи како Инстаграм или Фејсбук.

Одделенскиот наставник Даниела Апостолоска од Тетово, вели дека и просветните работници треба повеќе да работат со децата, и да им укажуваат кое се позитивните а кои се негативните последици од користењето на социјалните мрежи. Со употребата на интернетот се забележува и појавата на осиромашување на речникот кај децата, вели таа.

СВР Тетово има регистрирано повеќе случаи на злоупотреби на лица направени преку Фејсбук и Инстаграм.

Зоран Димовски

 

Би те интересирало и

Загадениот воздух убива седум милиони луѓе годишно

Светот не напредува во борбата против загадувањето на воздухот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена ...

НаТочак: Анализа на пријавите поврзани со велосипедизам во дневните билтени на МВР

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија секојдневно објавува кратки информации во делот „Дневни билтени“ ...