Можна е скора преселба на Руни во некој Кинески клуб

Според шпекулациите, капитенот на Манчестер јунајтед ќе стане најплатен фудбалер на планетата со колосална неделна плата која, според медиумите на Островот, може да стигне и до речиси милион евра неделно.

Вчера менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо изненадувачки изјави дека не исклучува да се дојде до разделба со Вејн Руни уште пред крајот на сезоната во Англија, што пак предизвика незадоволството на самиот фудбалер.

Агентот на фудбалерот Пол Стретфорд бил забележан во еден хотел во градот Тјанжин. Англиските медиуми додаваат дека освен со локалниот клуб, Стретфорд води преговори и со други тимови од Кина.

Од раководството на Јанжин сеуште нема официјален коментар на оваа тема, иако тренерот на тимот – италијанската легенда Фабио Канаваро, не негираше за разговори со Руни.

Би те интересирало и

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...

Вардар го доби вечното дерби, „Комитите“ го прославија јубилејот

Вардар го совлада Пелистер со 3:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше ...