Можно е членови на мрежата на атентаторот од Манчестер се уште да се на слобода

Продолжува истрагата по осомничените за бомбашкиот напад во Манчестер и можно е на слобода се уште да има членови на мрежата на терористот Салман Абеди, денска изјави британскиот министер за внатрешни работи Амбер Рад, цитирана од светските агенции.

„Операцијата се уште е во тек со полна брзина и не можеме да бидеме целосно сигурни дека е завршена“, рече Рад.

22-годишниот Абеди на 22 мај ја предизвика смртта на 22 лица, кревајќи се во воздух на концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер. Полицијата веќе приведе 11 осомничени и претресе повеќе имоти во градот. Велика Британија вчера го намали нивото на терористичка закана од „критично“ на „тешко’, откако полицијата соопшти дека разбила голем дел од мрежата на Абеди. Доцна синоќа полицијата ги лиферуваше неговите снимки, направени во ноќта на атентатот од безбедносните камери, и граѓаните ги повика да споделат повеќе информации за неговите последни денови.

Извор: Макфакс18

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close