Молел да се врати во затвор откако избегал

Бегството на Чед Тој од затворот во Кентаки не е тоа што ги изненадило затворските власти, туку молбата да се врати назад. “Кога заѕвонив на ѕвончето и им реков кој сум чуварите беа навистина изненадени” изјавил Тој за еден од локалните весници. “Веројатно никогаш претходно ова не се случило”.

21 годишниот Тој бил сместен во затвор чекајќи судење поради разбојништво во јули оваа година Но, покрај тоа тој веќе одлежува 4 годишна казна за кражба.

Затворските власти велат дека тој избегал додека еден од чуварите ја отклучил вратата за да се исчисти местото.

Но, Тој истото попладне се вратил целиот воден и каллив, велејќи дека сестра му го убедила да се врати назад заради негова безбедност.

Управникот на затворот изјавил дека првпат во неговата 14 годишна кариера се случува некој затвореник да избега и да се врати назад.

“Тоа беше импулсивна реакција. Видов отворена врата и едноставно истрчав. Навистина жалам за тоа што го направив. Доколку можам да го вратам времето, никогаш не би го сторил истото.” изјавил Тој.

Додади коментар

Би те интересирало и

Тошо и Цацко во коцкарница

Дошле Тошо и Цацко во коцкарница и одлучиле да ја пробаат среќата на рулетот. Собрале ...

Направете да се заљубат во вас за само 4 минути

Сигурно веќе многу пати сте слушнале за „проверена формула“ која ќе ја натера вашата симпатија ...

Close