Монро се договори со Бостон – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Монро се договори со Бостон

Досегашниот кошаркар на Феникс Санс, Грег Монро ја продолжува кариерата Бостон Селтикс.
Лидерот во Источната конференција на НБА објави дека потпиша 12-месечен договор со седмиот пик на драфтот во 2010 година.

Се шпекулира дека дваесет и седумгодишниот Монро ќе заработи 5 милиони долари.

За Монро заинтересиран беше и Њу Орлеанс, кој до крајот на сезоната остана без поврдениот Демаркус Казинс, но „Пеликаните“ не понудија соодветни услови.

Монро првите пет НБА сезони настапуваше за Детроит, потоа играше за Милвоки од 2015 до 2017 година, а помалку од три месеци беше дел од Феникс.

Оваа сезона тој играше 25 натпревари со просек постигна 10.4 поени, 7.4 скока и 2.2 асистенции

Би те интересирало и

NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео)

67-от НБА ол стар меч заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс ...

NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео)

Светот не е премногу воодушевен од втората ноќ во НБА олстар-викендот, особено од натпреварот во ...