Мората паузира најмалку еден месец – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мората паузира најмалку еден месец

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, ќе биде отсутен најмалку еден месец поради повреда добиена на на натпреварот од 7. коло на Премиер лигата против Манчестер Сити.

По поразот од Сити, менаџерот на „сините“ Антонио Конте изјави дека Мора ја повредил задната ложа на левата нога и треба да биде подготвен за една недела да се врати на терените.

Сепак, Мората го очекува подолга пауза. Тој ќе ги пропушти и последните два натпревара во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија против Албанија и Израел, како и дуелот од Лигата на шампионите со Рома.

Мората оваа сезона одигра девет натпревари и постигна седум гола за англискиот шампион.

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...