Морето исфрли илјадници киндер јајца

kinder-01

Десетици илјади киндер јајца исфрлило морето на брегот на германскиот остров Лангеог во четвртокот, ден по големата бура којашто го зафати регионот.

Децата, но и возрасните и туристите, поитале кон плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични капсули со играчки. Се протегале во должина од неколку километри, пренесува агенцијата DPA.

„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, изјавил Уве Гарелс, началникот на Лангеог, остров во Северното Море.Дечињата се радуваа, но за него ова не е смешно. „Ова претставува големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, појаснил. Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадната обвивка, а покрај нив имало и пластични вреќички со „Lego Star Wars“ фигури.

Извор: Макфакс



Додади коментар

Би те интересирало и

facebook-tablet

Нов и опасен вирус се шири низ социјалната мрежа Facebook

На социјалната мрежа Фејсбук се шири нов вирус кој ги вознемири корисниците. Во нивно име ...

o-TWITTER-facebook

Најдоброто од Твитер во последните 24 часа

Сите шо имате дозвола за оружје, знаете да јавате коњ и да фрлате ласо. Еве ...

Close