МОСТ: Водечките партии се преблиску со гласовите, не може да се проектираат мандатите

most4

МОСТ заклучува дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати, изјави Дарко Алексов од МОСТ.

„Ова првпат се случува во Македонија, а МОСТ е премногу сериозна организација да може да проектира мандати. Самата методологија не го дозволува тоа, бидејќи може да биде на штета на некои од партиите што се бореа на овие избори“, рече Алексов.

Тој додаде дека граѓанската асоцијација МОСТ го следеше неделното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места беа распоредени 2.664 набљудувачи кои покрија околу 55% од гласачките места во Република Македонија.

МОСТ ги обработи податоците од сите избирачки места на кои беа распоредени ПВТ набљудувачи.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – 73,85%
ИЕ 2 – 66,00%
ИЕ 3 – 73,00%
ИЕ 4 – 75,33%
ИЕ 5 – 63,62%
ИЕ 6 – 51,38%

Според обработените податоци од ПВТ примерокот, резултатите по изборни единици се следни:

Изборна единица 1 – максимална маргина на грешка 1.6%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 34.5%
ДПА – 2.1%
ДУИ – 6.1%
Коалиција СДСМ – 44.1%
Коалиција за промени и правда – 1.8%
Алијанса за Албанците – 1.7%
Либерална партија – 0.6%
Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%
Беса – 5.2%
Левица – 2.2%

Изборна единица 2 – максимална маргина на грешка 1.8%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 36.2%
ДПА – 3.2%
ДУИ – 9.6%
Коалиција СДСМ – 34. 7%
Коалиција за промени и правда – 1.1%
Алијанса за Албанците – 3.3%
Либерална партија – 0.4%
Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%
Беса – 8.4%
Левица – 1.2%

Изборна единица 3 – максимална маргина на грешка 0.8%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 53.4%
ДПА – 0.5%
ДУИ – 0.7%
Коалиција СДСМ – 40%
Коалиција за промени и правда – 0.7%
Либерална партија – 0.4%
Коалиција ВМРО за Македонија – 3.5%
Левица – 0.9%

Изборна единица 4 – максимална маргина на грешка 0.7%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 49.4%
ДУИ – 0.3%
Коалиција СДСМ – 46.3%
Коалиција за промени и правда – 0.9%
Либерална партија – 0.3%
Коалиција ВМРО за Македонија – 2.3%
Левица – 0.6%

Изборна единица 5 – максимална маргина на грешка 1.3%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 40.7%
ДПА – 1.6%
ДУИ – 6.9%
Коалиција СДСМ – 39.2%
Коалиција за промени и правда – 0.7%
Алијанса за Албанците – 4.1%
Либерална партија – 0.3%
Коалиција ВМРО за Македонија – 2.9%
Беса – 2.5%
Левица – 1.1%

Изборна единица 6 – максимална маргина на грешка 1.5%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 17.5%
ДПА – 10.3%
ДУИ – 26.5%
Коалиција СДСМ – 16.6%
Коалиција за промени и правда – 0.2%
ПДП – 0.8%
Алијанса за Албанците – 11.6%
Коалиција ВМРО за Македонија – 0.5%
Беса – 16%

Додади коментар

Би те интересирало и

Зголемено нивото на вода во езерото Калиманци

Зголеменото ниво на водата во езерото Калиманци во последните денови е поради врнежите од дожд кои ...

Студентите од Стоматолошки со писмо бараат Јанкуловски да го прифати Ивановски за декан

Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger