Мојсовски предлага Гонзалес да има и македонски тренер за помошник – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мојсовски предлага Гонзалес да има и македонски тренер за помошник

Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, на денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), предложи во тимот на селекторот да има задолжително и еден македонски тренер.

Според Мојсовски, кој сега е член на Управниот одбор, нашите ракометни стручњаци би стекнале искуство и би можеле да учат од врвни ракометни тренери.

„Раул Гонзалес е врвен тренер и мојот предлог е да биде приклучен кон него македонски тренер како помошник во репрезентацијата. Така нашите тренери би можеле да научат многу работи и стекнат искуство за да го подигнат нивото“, истакна Мојсовски.

Оваа иницијатива на поранешниот репрезентативец наиде на првично одобрување.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Вардар победи на гостувањето кај Кил

Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во ...

Македонија во група со Грција во квалификациите за ЕП 2020

Машката ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, ...