МПЦ Лондон: Го повикуваме синодот на МПЦ да се огласи со соопштение и да го заштити својот клирик

12729152_1029865513739304_8163846623870966596_n

На празникот Рождество Христово – Божиќ, кога од оправдани причини нашиот свештеник беше оневозможен да биде со сите нас, се случи брутален физички напад врз семејството на нашиот почитуван свештеник. Заштитувајќи ги сопствените деца и сопруга беше нападнат од разбеснета група и притоа му се нанесени тешки телесни повреди и скршеници.
Од проследените докази и изјавите на очевидците како и на надлежните полициски и медицински лица ние црковниот одбор од на МПЦО Св Архангел Михаил го осудуваме овој нецивилизирани и вандалски напад на нашиот свештеник и ја даваме нашата целосна поддршка нему и неговото прекрасно семејство.
Апелираме до надлежните органи во Р.Македонија во најкраток можен рок да ги превземат сите мерки за да се казнат сторителите на овој гнасен чин.

Повикуваме на смирение и воздржаност од секакви конфронтации со поддржувачите на силеџиите како и на целосна лојалност кон нашиот свештеник и мајката Македонска православна Црква.

Црковниот одбор и другите здруженија на македонците во Обединетото Кралство ќе ги известат надлежните во Foreign Office и полицијата во Лондон за нападот врз отец Виктор кој е Британски граѓанин со што ќе бараме да влијаат на целосно расветлување на случајот и заштита на неговите човекови права.

Го повикуваме синодот на МПЦ да се огласи со соопштение и да го заштити својот клирик од грозоморните и тенденциозни изјави по социјалните мрежи и медиумите со кои се оправдуваат нападите на свештенството.

Конечно веруваме дека и надлежниот митрополит на Европска Епархија ќе даде соопштение и духовно го поддржи своето духовно чедо.

Отец Виктор, нека Бог биде со вас и вашето семејство и со сите нас во овие тешки моменти и нека ни даде сила и истрајност. Вие сте голем човек и сите членови од црковната општина ви посакуваат што поскоро опоравување.

Црковните одбори:
Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели- Лондон
и
Св. Ѓоргија Победоносец – Литлхамптон



Додади коментар

Би те интересирало и

Можно е изумирање на скакулците и штурците во Европа

Европската популација на скакулци и штурци е загрозена, односно една четвртина од тие инсекти е ...

Град во Шведска воведува пауза за ручек и за секс

Пер-Ерик Мускос, член на градскиот совет во Оверторн предлага вработените Швеѓани да имаат право на ...

Close