МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината од возобновувањето на нејзината автокефалност што ќе се одржи на денот на Соборот на сите македонски свети, на 30 септември и 1 октомври годинава во Охрид, упати проглас до верниците, свештенството и монаштвото, да учествуват во одбележувањето на овој голем црковен јубилеј – 50 години опстој за автокефален статус на МПЦ-ОА во семејството на Помесните православни цркви.

– Во оваа јубилејна година за МПЦ-ОА, Владите на Република Македонија и Република
Бугарија, објавија акт за пријателство, добрососедство и соработка, чин во кој може да се
препознае модел за решавање на отворените прашања од минатото со цел да се гради
иднината меѓу братските соседни народи во рамките на евро-интеграциските процеси. Ваквите
договори покрај регулирањето во општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето
на отворените црковни прашања и да остварат своја конструктивна рефлексија во градењето
на релациите меѓу црковните структури во регионот, се наведува во соопштението по
денешната седница на Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА.

Синодот изразува надеж дека, по полувековен опстој за автокефален статус, се ближи времето
кога Сеправославната црковна полнота ќе ја препознае и прифати македонската црковна
реалност, олицетворена во автокефалната МПЦ-ОА.

Би те интересирало и

Одбраната со повеќе забелешки за вештакот и за повредите на Села

Адвокатите на обвинетите на продолжението од денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот, Зијадин Села ...

РСБСП: Над 60 отсто од возачите користат мобилен додека возат

Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило станува причина број еден за одвлекување ...