МРТВ во фокусот на денешниот протест од Шарената револуција – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МРТВ во фокусот на денешниот протест од Шарената револуција

mrtv_3

МРТВ со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт – велат од граѓанското движење „Протестирам“, најавувајќи нов протест за денеска.

timthumb.phpИ денешниот протест ќе почне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Граѓаните информираат дека ќе маршираат до зградата на Јавниот сервис.

Задача на Македонската радио телевизија, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е оттуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните! Нема правда, нема мир! – стои во најавата за настанот.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...