Мртов радовишанец пронајден во автомобил кај Неготино

Вчера претпладне на регионалниот пат Р1-103 кај крстосницата 20-ти км-Неготино, пронајден е излетан надвор од патот педесет и петгодишниот  Т.К. од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „Форд Мондео“, со штипски регистарски ознаки.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а над возилото е извршен преглед од страна на вештак заради утврдување на техничка исправност.

При вршење на увидот констатирано е дека сообраќајната незгода се случила на 09.10.2017 година околу 12,30 часот.

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...