МТСП: Никој не смее да ги злоупотребува Центрите за социјална работа во партиски цели

Министерството за труд и социјална политика известува дека во рамки на редовната работна посета на министерката Мила Царовска на Центарот за социјални работи во Гевгелија, таа имаше средба со сите вработени и со директорот на Центарот, Лазо Трајков.

На средбата, Царовска им укажа на вработените дека во текот на изборниот период Центарот не смее да се злоупотребува во партиски цели од припадник на која било партија.

На директорот на Центарот, му беше посочено дека две лица, вработени во ЦСР Гевгелија, меѓу кои и кандидатката за советничка на ВМРО ДПМНЕ, Ангелина Петкова, се посочени од страна на граѓани дека на терен вршат париска агитација кај најранливите категории во општината и дека тој како надлежен треба да преземе соодветни мерки за да ги спречи злоупотребите.

Директорот на гевгелискиот Центар е поставен од страна на претходната власт и со него Министерството има одлична комуникација, што покажува дека вработените не се делат по партиска основа, туку според извршувањето на нивните задачи.

За МТСП и понатаму примарен интерес е да работи во заштита на граѓаните. Затоа, наша главна цел во текот на изборите е да ги заштитиме од уцените и злоупотребите, кои минатата власт редовно ги правеше, дури и врз грбот на најсиромашните и најранливите граѓани“ се вели во соопштението на министерството за труд и социјална политика.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...